Кети Кутрубес од компанијата „Кутрубес травел“ рече дека нејзиниот бизнис-проект за реализација на туристички посети на американски граѓани во Република Македонија се одвива добро и е во напредна фаза.
– Работиме на проект од областа на туризмот во соработка со археолошкото друштво на САД, проект кој опфаќа носење туристи за да ги посетуваат туристичките знаменитости. Моментално го развиваме проектот во соработка со „Инвест Македонија“ и се надеваме дека проектот ќе почне во мај и во септември 2014 година. Тоа е еден висок вид туризам при кој туристите трошат и до 8.000 долари по тура и мислам дека е проект на иднината – додава Кутрубес.
На вчерашниот бизнис-форум во Бостон, на кој присуствуваше македонската владина делегација, беа презентирани поволностите за инвестирање пред 40-тина компании од областа на текстилната индустрија, туризмот, образованието и медицината.
Премиерот Груевски пред бостонските бизнисмени ги истакна најнискиот даночен пакет во Европа кој постои во Македонија, обезбедените пазари од над 600 милиони потрошувачи преку договорите за слободна трговија, поволностите во технолошко-индустриските развојни зони и едуцираната работна сила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


