| четврток, 6 декември 2018 |

Израелски авиони бомбардирале воен конвој во Сирија

Израелски борбени авиони нападнале воен конвој на сириско либанската граница, јавува агенцијата Франс прес повикувајќи се на неименувани западни дипломати и три регионални безбедносни извори.

Веста за нападот следува неколку часа откако либанската армија соопштила дека израелски авиони го нарушиле либанскиот воздушен простор во ноќта меѓу вторникот и средата.

Израелската армија одби да ги коментира информациите истакнувајќи дека „не коментира информации од таков тип“.

Израел стравува за судбината на хемиското оружје во Сирија поради се поголемата криза во земјата и од опасноста оружјето да заврши во рацете на екстремистите, особено до Хезболах.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top