Асанж ќе биде на листата на Викиликс партија која треба наскоро да се формира, но се уште не е јасно како планира да излезе од амбасадата на Еквадор во Лондон каде што се крие од екстрадиција во Шведска.
– Мојата цел е да ја вратам слободата во политиката во Австралија. Местото во парламентот ќе ми овозможи да ја одбранам слободата на говорот и правото на граѓаните да живеат слободно, без мешање на државата, изјавил Асанж.
Ако Асанж биде спречен да оди во Австралија, неговото место во Сенатот ќе го заземе заменикот на листата на новата партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.