Акционерското собрание составено од советниците на град Скопје денеска ја верифицираше одлуката за згаснување на јавното претпријатие „Енергетика“ кое во 2007 година беше формирано со единствена цел, гасификација на главниот град. Згаснувањето од СДСМ го протолкува дека градоначалникот Коце Трајановски се откажува од ветувањето дека Скопје ќе биде гасифицирано.
Градоначалникот Трајановски, пак, ги демантира овие гласини, а како причина за згаснувањето на претпријатието ги наведува законските измени и ингеренциите кои заминуваат на државно ниво.
Се изработува студија која треба да заврши до крајот на годината и која треба да ги даде насоките на кој начин и како би се извела гасификацијата во целата држава. Потоа треба да се бара и концесионер кој би ја спровел гасификацијата и би стопанисувал со неа во наредните 35 години. Целиот проект за гасификација на главниот град се проценува на 40 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шилегов ќе го продава Мерцедесот – бил стар и небезбеден
-
Шилегов чека слика до Коце за на ѕид, Трајановски вели дека во градот има сто фотографии од него
-
Коневски: Победа за Коце Трајановски и листата – за да ги реализираме сите проекти за подобри услови во Аеродром
-
Трајановски и Мисајловски на средба со граѓаните и пазарџиите на пазарот во Ѓорче Петров (ФОТО ГАЛЕРИЈА)