| четврток, 6 декември 2018 |

Згасна Ј.П. за гасификација на Скопје

sovet-na-grad-skopje-banskoАкционерското  собрание составено од советниците на град Скопје денеска ја верифицираше одлуката за згаснување на јавното претпријатие „Енергетика“ кое во 2007 година беше формирано со единствена цел, гасификација на главниот град. Згаснувањето од СДСМ го протолкува дека градоначалникот Коце Трајановски се откажува од ветувањето дека Скопје ќе биде гасифицирано.

Градоначалникот Трајановски, пак, ги демантира овие гласини, а како причина за згаснувањето на претпријатието ги наведува законските измени и ингеренциите кои заминуваат на државно ниво.

Се изработува студија која треба да заврши до крајот на годината и која треба да ги даде насоките на кој начин и како би се извела гасификацијата во целата држава. Потоа треба да се бара и концесионер кој би ја спровел гасификацијата и би стопанисувал со неа во наредните 35 години. Целиот проект за гасификација на главниот град се проценува на 40 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top