Ракометната легенда на Барселона и на шпанската репрезентација Енрик Масип сака да биде следниот претседател на фудбалскиот клуб од Каталонија, а најавува кандидатура за челното место на следните избори.
Масип има 44 години и вели дека на Барса ѝ треба свежа крв во раководните структури.
– Сакам да се кандидирам за претседател на клубот бидејќи имам визија. Мислам дека заслужувам да се вклучам во трката. Цел живот сум во Барселона и секогаш сум бил во служба на развој на брендот – изјави Масип.
Според многумина, тој е најдобриот ракометар во историјата на Барселона, работеше и како технички секретар во клубот, а од 2004 година е вклучен и во активностите на фудбалскиот клуб. Моментно претседател на ФК Барселона е Сандро Росел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.