50-годишен Босанец загинал во тешка сообраќајна несреќа што се случила на автопат во Словенија. Тој со неговото возило се удрил во неколку коњи, за кои засега е непознато како се нашле на автопатот. Полесно повреден бил и неговиот син, кој се возел на совозачкото место.
Кога за оваа трагедија слушнал постариот брат на загинатиот Босанец, починал на самото место. Братот, кој живеел во Германија, добил срцев удар кога чул за несреќата.
Речиси во исто време со оваа сообраќајна несреќа, односно 4 часот наутро, коњите на автопатот предизвикале уште една полесна несреќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нему пејачот му бил пример: Ова е братот на Дарко со кој ја делат истата стравична судбина!
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
„Анима Мунди“ со соопштение по трагедијата во Гостивар
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја