| четврток, 6 декември 2018 |

Грција „пука“ под притисокот на рестрикциите

budzet_grcijaГрција не може повеќе да издржи под притисокот на рестрикциите и мерките за штедење, изјави грчкиот министер за здравство Адонис Георгијадес во интервју за Би-Би-Си, пренесува МИА.

– Реалната состојба во земјата е следнава: Грчкото општество е под огромен притисок. Грција три години е под притисок на строгите мерки на штедење и тоа повеќе не може да се издржи, изјави Георгијадес.

Запрашан дали меѓународните кредитори ќе инсистираат на дополнителни рестрикции во замена за исплата на нови транши од пакетот за спас, Георгијадес рече дека на претставниците на „тројката“ им пренел дека Владата не може да спроведува дополнителни мерки за штедење, затоа што „општеството тоа не може да го издржи“.

Тој ја отфрли идејата за излез на Грција од еврозоната.

– Сите оние што веруваа и веројатно се залагаа за истапување на Грција од еврозната, беа демантирани. Сакам да им кажам на сите Британци дека Грција ќе остане членка на еврозоната и во следните децении, потенцира Георгијадес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top