| четврток, 6 декември 2018 |

Неодоливата Меган Фокс заштитно лице на парфемот Instinct

meganfox-imagen

Глумиците можат да го променат светот како со магично стапче и да живеат многу повеќе животи од просечната личност. За Меган Фокс велат дека знаела што сака што од кога била малечка.

-Беше многу решителна и амбициозна. Посетуваше сè – часови за танцување, хор, претстави – вели мајката на Меган, Дарлин.

Денес Меган Фокс е добро позната по нејзините главни и споредни улоги во хит акции, трилери, комедии и независни филмови. Велат Меган е витка жена со кожа како маслинка, која е совршена дефиниција за елегантна убавина. Почнала со часови за убавина кога имала 5 години, а на 13,  старлетата во издигнување, да се запише на часови за манекенки и за глума. Не требаше долго време за сета напорна работа на Меган да се исплати со нејзиното деби во 2001. Иако нејзината изведба беше човек фатен во средината на епска борба со роботи, сепак ѝ даде виза за Холивуд. Во хит филмот на Мајкл Беи од 2007 „Трансформери“, Меган го скрена вниманието на многумина, борејќи се за иднината на човечката раса

Меган Фокс е екстремно фамилијарна личност. Пред три години таа се омажи за нејзиното долгогодишно момче Брајан Остин Грин, кој е највеќе познат по својата незаборавна улога во култната тинејџерска серија „Беверли Хилс 90210“. За време на едно интервју таа призна дека сè што сакала од нејзиниот живот е да има бебе. Меган и Брајан го добија своето прво дете Ноа Шенон во септември 2012.

„Сè што сакам е да му пружам на Ноа што повеќе од себе. И сакам да имам уште деца.“ – велеше таа,а пред неколку недели публицистот на Меган потврди дека таа го очекува своето второ дете.

Во меѓувреме, прекрасната глумица најде доволно време да биде ѕвездата на новиот заводлив парфем на AVON наречен Instinct.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top