| четврток, 6 декември 2018 |

Даниел Деј Луис идеален за новиот 007

Daniel-Day-LewisВилијам Бојд, авторот на најновата книга за агентот Џејмс Бонд 007 – „Соло“ (Solo), вели дека „неговиот“ Бонд не личи ниту на Даниел Крег ниту на Том Харди, туку на Даниел Деј Луис. Авторот го „враќа“ Бонд во 1969 година. Џејмс Бонд ќе биде малку постар, претставен е како 45-годишник, а неговата акција се одвива во класичните рамки од 60-тите години.  Според содржината, Бонд ги чувствува последиците на стареењето, но авантуристичкиот дух и тајните задачи го водат преку Лондон и Вашингтон до западна Африка.

_67013678_jamesbondsoloКнигата е претставена на луксузна промоција со спортски автомобили, пилоти и стјуардеси за да се почувствувал духот на романот. Официјално во продажба во Англија излегува на 26 септември. Првата книга за агентот 007 на Флеминг, Казино Ројал (Casino Royale), е објавен во 1953 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top