| четврток, 6 декември 2018 |

Неверојатниот живот на вистинскиот агент 007

otd-98-07-06-a-lg

Во вистинскиот живот имало повеќе луѓе кои послужиле како инспирација за ликот на агентот 007, но најпознат бил Вилијам Стивенсон. Во 1940 година британскиот премиер Винстон Черчил го пратил Вилијам, својот најдобар шпион во Њујорк, со задача да ги натера САД да влезат во војната по секоја цена.

Морничава приказна за морнар-предавник го инспирирала творецот на агентот 007

Вилијам Стивенсон бил вџашен. Неговите луѓе штотуку фатиле сигнал на тајна нацистичка радиостаница во Њујорк. Како што дознал, еден морнар на нацистите во замена за пари ги открил главните патишта на бродовите кои преку Атлантикот транспортирале оружје од САД во Велика Британија и со тоа ги направил лесен плен за германските подморници.

Стивенсон набрзо го открил местото на престој на предавникот. Одлучно ја напуштил канцеларијата во њујоршкиот центар „Рокфелер“, седиште на Британската корпорација за безбедност, прикриен разгранок на Британската тајна разузнавачка служба.

Кога се вратил во глува доба, агентот на ФБИ, кој, исто така, водел истрага, му рекол: „Овој предавник треба да се убие“.  А Стивенсон му одговорил: „Веќе е извршено“.

Американскиот шпион помислил дека се работи за шега, но морнарот подоцна бил најден мртов во еден подрум.

Приказната, која се случила во јули во 1940 година и декември 1941 година,  ја пренел Ијан Флеминг, творец на легендарниот Џемс Бонд. Наводно ја слушнал од Едгар Хувер, шефот на ФБИ. Стивенсон оставил силен впечаток на идниот писател. Како што во 1962 година рекол за „Сандеј тајмс“, Џемс Бонд е подобрена верзија на агентот, додека Стивенсон е вистински.

Својот идол Флеминг го запознал во Втората светска војна во својство на офицер за врски на британската морнарска разузнавачка служба. Покрај другите агенти, како Британецот Едвард Џои-Томас и југословенскиот двоен агент Душко Попов, кој залудно предупредувал на нападот во Перл Харбур, Стивенсон послужил како пример за ликот на Џемс Бонд.

Бил германски заробеник, побегнал од логор

Како јунакот во романот и филмот, Вилијам Стивенсон имал импресивна кариера. Роден е во 1896 година во британски доминион во Канада, се борел уште во Првата светска војна во Франција против Германците, како пешадинец и потоа како борбен пилот. Кога Французите по грешка го собориле, Стивенсон бил фатен во германско заробеништво. При бегството од логорот во октомври 1918 година украл модерен отворач за конзерви, кој подоцна го патентирал и се збогатил на него.

Во 1942 година отпатувал во Берлин, каде што во една продавница нашол примерок од германска машина за шифрирање Енигма и ја предал на разузнавачката служба. Го врбувале и во Втората светска војна го пратиле во важна мисија.

На 21 јуни во 1940 година Стивенсон, чијшто конспиративен прекар гласел Интрепид, т.е. Бестрашен, стигнал во Њујорк. Британскиот премиер Винстон Черчил лично го упатил во САД. Бидејќи Велика Британија како единствена европска сила пружала отпор на војската на Хитлер, Стивенсон требал со сите расположливи средства да ги натера САД да влезат во војна на страна на Британија.

Агентот забрзано почнал да регрутира луѓе, па така на крај за него работеле 3.000 мажи и жени, во САД, Канада и на Карибите. Американскиот претседател Френклин Рузвелт не само што бил известен за мисијата, туку и му помагал колку можел. Шефот на ФБИ Хувер добил упатство незабележително да пружа поддршка на БСЦ.

Правел сѐ за да ѝ наштети на Германија

Стивенсон правел се да наштети на Германија. Во 1941 година Стивенсон постигнал исклучителен успех така што во војна ја натерал државата Бразил, земја на каучук значаен за производство на воена опрема.

Намерата му била и да ја елиминира италијанската авио-компанија ЛАТИ, која обезбедувала воздушна врска меѓу Италија и Рио де Жанеиро, а основната цел била да влијае на јавното мислење во САД.

На 7 декември во 1941 година Вилијам Стивенсон конечно ја достигнал својата цел со помош на Јапонците. Тој ден Јапонската воена морнарица без предупредување ја нападнала американската база Перл Харбор на Хаваите. По четири дена од нападот Хитлер објавил војна на САД. Американците сега и официјално станале британски сојузници.

Стивенсон останал во Њујорк и учествувал во основањето на ОСС, организација претходник на ЦИА. Поради своите заслуги бил прогласен за витез, а се пензионирал на Бермудските острови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top