| четврток, 6 декември 2018 |

„Пеперминт“: Гратис карта за секоја девојка што ќе дојде со точак

Секогаш оригиналните „Пеперминт“ закажаа самостоен концерт, насловен како еден од нивните хитови „Девојката со точакот“. Гратис влезница за концертот, кој ќе се одржи на 18 октомври во клубот „Хавана“, ќе добие секоја девојка што ќе пристигне на местото на настанот со својот велосипед.

За сите останати, влезниците ќе бидат пуштени во продажба по цена од 150 денари во „Кастм паб“, „Љубов“ и „Хепи кафе“ од 7 октомври.

По завршувањето на концертот на групата, настанот ќе продолжи со сет на диџеј Гејм Овер (Game Over).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top