| четврток, 6 декември 2018 |

Во Солун условно осудени четири неонацисти за носење оружје

Судот во Солун осуди четворица припадници на нацистичката „Златна зора“ поради поседување оружје, на условна казна во траење од шест до десет месеци, објави дневниот весник „Катимерини“. Кај притворените биле пронајдени покрај оружје и експлозиви, биле најдени и палки, ракети и други борбени реквизити. Осудените тврделе пред судот дека оружјето им било потребно поради тензичната атмосфера во јавноста последните неколку дена, откако откако припадник на Златна зора минатата седмица беше обвинет за убиство на познат рапер антифашист Павос Фисас кој беше убиен на 18-ти септември во приградска населба на главниот град Атина.

За овој случај со оружјето се уапсени поранешниот возач на лидерот на неонацистите Никос Михалиакос и полицај од личното обезбедување на пратеникот на Златна зора, Костас Барнарусис.

Откако грчкиот печат објави за тесните врски на полицијата со неофашистичката партија и нивно учество во злосторства на припадниците на Златна зора, следеа голем број смени и приуведувања на раководители на повеќе сектори во грчката полиција.

Исто така, и канцеларијат ана државниот обвинител го разгледува барањето на министерот за јавен ред за прогласување на партијата Златна зора за криминална организација, што фактички ќе овозможи забрана за дејноста на оваа екстремистичка партија, којашто и покрај падот на рејтингот последните неколку дена, сепак се` уште е третата политичка сила во Грција.

Премиерот Андонис Самарас изјави дека нема да дозволи неонацистите да ја уништат демократијата, а грчкиот претседател Каролос Папуљас кој како млад во Втората светска војна се борел на страната на антифашистите, рече дека неговата должност како претседател на земјата е да ги заштити демократијата и грчкиот народ од „таа несреќа” – фашизмот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top