| четврток, 6 декември 2018 |

„Дневник“: Бранко и Љубчо си договориле амнестија?

Постоењето на еден ваков скандалозен политички договор, помеѓу тогашните лидери на двете најголеми партии, го отвори Чедомир Дамјановски, член на комисијата за лустрација објави „Телеграф“. Завчера во изјава за една телевизија, по повод лустрацијата на поранешниот министер за внатрешни работи Томислав Чокревски, за досието „Темел“ (кодното име за ВМРО-ДПМНЕ на тајните служби) Дамјаносвки рече дека следените лица во досието „Темел“ биле опасност за безбедносниот систем на државата, а тоа што го правеле било голема работа.

-Тврдам дека тоа следење било од безбедносни причини. Според мене, целиот врв на партијата требало да биде гонет, притворен, обвинет и да одговара, но, најверојатно, е некој договор. Договор меѓу власта и опозицијата да не се гонат поради раскинување на националното ткиво. Апсолутно, според мене, го загрозиле поредокот – изјави Дамјановски.

Не е прв пат да се говори за постоење на ваков договор помеѓу двајцата со децении лути ривали. Одамна се шпекулира дека таков договор постоел и тоа во насока дека двајцата политички лидери си ветиле дека нема еден за друг да водат кривични постапки при смена на власта, иако, според одредени информации, за нивното владеење имало индиции за такво нешто, особено во делот на приватизацијата на големите општествени претпријатија.

Ваквите тези се отворија и пред една и пол година кога и покрај политичката борба од 15 години, склучија и формална опозициска коалицијa.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top