Поминаа речиси пет децении откако свиреше на покривот на зграда во Ливерпул со „Битлси“, а Пол Макартни успеа повторно да го запре сообраќајот на Булеварот Холивуд.
Илјадници луѓе се собраа вчера на концертот на легендарниот Битлс, Пол Макартни, кој одржа бесплатен концерт на Булеварот Холивуд, а сè поради емисијата на познатиот водител Џими Кимел.
Како и некогаш одамна, поточно во 1969 година, кога со „Битлси“ свиреше на покривот на зграда во Ливерпул и кога направија вистински хаос во градот, Пол ја анимираше публиката пеејќи ги хитовите на легендарната група, меѓу кои и „Let It Be“, „Hey Jude“…
Во текот на интервјуто кај Џими Кимел се присети на времето кога со „Битлс“ првпат тргнал во освојување на Америка и првата посета во Лос Анџелес.
„Многу врискања, убави девојки. Ние бевме млади, „пукавме“ од сила и здравје и бевме подготвени за „рокање“. Беше добро“ изјави 71-годишниот Макартни, кој наскоро ќе објави и нов албум, вкупно 16-ти, а прв од 2007 година.
Имотот на Пол Макартни се проценува на повеќе од 700 милиони евра, а тој неодамна изјави дека се грижи и за сиромашните.
„Имам многу роднини кои припаѓаат на работната класа. И јас припаѓам таму исто така, но тие се борат со секојдневните проблеми. Но, навистина се неверојатни и од нив научив многу лекции“, изјави музичарот кој има и англиска благородна титула.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.