| четврток, 6 декември 2018 |

Весникот „International Herald Tribune“ од 15 октомври со ново име

Весникот International Herald Tribune, меѓународното издание на The New York Times, ќе го промени името на 15-ти октомври, се вели во соопштението објавено во вторникот во пораката до читателите.

Од The New York Times уште во февруари ја најавија намерата да го применуваат своето издание во International New York Times, надевајќи се дека така ќе го зголемат бројот на читателите надвор од САД, како и дека ќе привлечат повеќе огласувачи.

Настанот на применувањето ќе го одбележи објавувањето на специјален додаток од 24 страници од 14-ти октомври, со ретроспектива на големите теми коишто овој дневен весник ги покривал изминатите 125 години.

Од следниот ден, 15-ти октомври, меѓународното издание ќе се гледа на интернет страницата и апликациите за мобилните телефони на The New York Times на кој сегашните претплатници на International Herald Tribune ќе имаат пристап.

Првиот број на весникот е издаден во октомври 1887-ма година под насловот The Paris Herald, како европско издание на The New York Herald. По затворањето на вториот во 1966-та година The New York Times и The Washington Post влегоа во сопствеништво и весникот во 1967-ма година го зема досегашното име International Herald Tribune.

Од 1991-ва година The New York Times и The Washington Post станаа единствени акционери со сооднос 50:50, а првиот го откупи вториот во 2003 година и го смени како „глобално издание на The New York Times“. Весникот се продава во повеќе од 160 земји и региони во светот, во тираж од повеќе од 226 илјади примероци според компанијата „The New York Times Co.“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top