Министерството за надворешни работи и европски интеграции, на земјите на кои се однесува иницијативата, веќе упати т.н. нон пејпер како појдовен документ за конституирање на балканска шесторка или скратено Г6, објави „Вечер“.
Лидерите на Албанија, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија кон крајот на овој месец, на маргините на заседанието на Генералното собрание на ОН, треба да разговараат за основање на парламентарно собрание на западен Балкан, па во рамки на тоа и свои можни заеднички делувања.
Иницијативата на црногорскиот министер за надворешни работи Игор Лукшиќ наиде на одобрување во ЕУ, но и во неговата земја. Меѓутоа отвори и дилема дали поврзувањето на земјите кои не се на исто ниво ќе ја успори Црна Гора на патот кон ЕУ.
Министерството за надворешни работи и европски интеграции, на земјите на кои се однесува иницијативата, веќе упати т.н. нон пејпер како појдовен документ за конституирање на балканска шесторка или скратено Г6.
Државниот секретаријат за политички прашања на црногорското МУП, Владимир Радуловиќ во изјавата за подгоричката телевизија Вијести, зборува дека на тој начин може да се унапреди парламентарната соработка како и регионалната борба против организираниот криминал и корупција.
– Дали ќе се зборува за еден вид балканска полиција, дали еднакво би важело и за парламентарната соработка, тоа останува на земјите-членки да го пронајдат, да се договорат и да најдат консензус за најоптималните форми на соработка.
– Со влезот во каква било асоцијација, каде членки се некои кои имаат многу големи проблеми кога е во прашање евроинтегративниот процес, на некој начин ги кочат и тие кои го влечат целиот тој процес, вели претседателот на собраниската комисија за европски интеграции Славен Радуновиќ од опозицискиот Демократски фронт.
На прашањето како го објаснува тоа што таков вид иницијатива потекна токму од Црна Гора, Радуновиќ вели:
– Црна Гора очигледно има потреба да биде поважна и поагресивна од што тоа се очекува од неа, посебно од причина што има големи проблеми на внатрешен план, на економски план. Мислам дека ова се некои потези на кои сепак треба да се сврти внимание.
За Радуновиќ се некако мириса на Југославија. – Се забележува една сличност со нашата поранешна држава Југославија, со тоа што во овој случај останавме без Словенија и Хрватска, а нив ги заменивме со Албанија и Косово. Така, тоа ми делува малку како бледа копија на таа Југославија со оценка дека секако нема да се работи за таква цврста заедница.
Србија: Идејата е добра, но за некоја подалечна иднина
Во Србија се уште нема реакции од политичарите. Медиумите веста ја пренесоа главно без коментар или барем без соодветни реакции.
Дијана Вукомановиќ, членка на Комисијата за европски интеграции од владејачката Социјалистичка партија на Србија, вели дека идеите за таква интеграција се за некоја подалечна иднина. Притоа, потсетува дека премиерот Ивица Дачиќ наскоро заминува во Црна Гора, па можеби попатно ќе разговара и за тоа. Потпретседателката на Социјалистичката партија пред се потсетува на некои слични иницијативи:
– Изјавата на господинот Лукшиќ не е новина затоа што неодамна имавме пласирано слична идеја за основање на некој, така да кажам, панбалкански Бенелукс. Тоа се форми на организирање на држави кои веќе функционираат во Европа, како што е Бенелукс. Тоа прво би се толкувало како создавање на некоја нова Југославија и со самото тоа би било осудено на пропаст, отколку конструктивно да се седне на маса и да се разговара. Значи, таа идеја е добра, но за некои идни времиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со Дарко Панчев во стартниот состав: Пред точно 26 години, Југославија се прости од фудбалската сцена
-
Тајни белешки на ФБИ ја обелоденија вистината за Тито – конечно откриено кој ја водел Југославија
-
„Трст, Југославија“: Снимен докуметарец за златното доба на шопинг-меката во 60-те и 70-те години
-
Иванов:Македонија е пример за тоа како една земја може да биде предмет на двојни стандарди кои се граничат со лицемерие


