| четврток, 6 декември 2018 |

Од 1 октомври забранета амбалажа за храна со штетни својства

Ќе се забрани амбалажата која од 1 oктомври нема да ги исполнува критериумите од новиот Правилник за материјали и производи што доаѓаат во контакт со храната. Производителите ќе мора да обезбедат сертификат со кој ќе гарантираат дека пакувањето нема штетни својства кои би можеле да се прелеат во храната и во опасност да го доведат здравјето на купувачите.

-Тука спаѓаат материјали од гума, пластика, дрво, стакло, разни симтетики… Правилниците ги пропишувааат општите барања кои што треба да ги исполнуваат овие материјали и производи кои доаѓаат во контакт со храната. За дел од нив имаме и посебни барања, за материјали кои што се од особена важност како што е керамиката или матријалите коишто се испуштаат преку детските цуцли, вели Дејан Рунтески, директор на Агенција за храна и ветеринарство.

Правилникот е новина и во земјите од Европската унија, а алармот го вклучиле податоците на системот за брзо известување.

-Од известувањата за небезбедна храна кои доаѓаат преку европскиот систем за брзо известување, една третина се однесуваат на материјалите и производите кои доаѓаат во контакт со храната, вели Рунтевски.

Со новиот правилник се засегнати стотици фирми во земјата. Но, досега барање за добивање сертификат поднеле само 114 производители. Триесетина веќе добиле одобрување. Рунтевски ги повика останатите фирми да побрзаат со барањето за одобрување и авторизација, бидејќи за една недела стартуваат засилените контроли. Непочитувачите ќе заработат парични казни. Увезената храна пак е веќе со сертификати кои гарантираат безбедност, уверува Рунтевски и тврди дека таа сепак повремено се испитува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top