Познатиот шведски бренд за облека Хенес и Мориц (Х&М) не отвора своја продавница во Скопје.
Во изминативе неколку денови во медиумите се појавија вести дека брендот по кој наши граѓани одат до Солун или Белград за да си набават парче од новата колекција, ќе има свое преставништво и во Македонија. Од компанијата за Нетпрес велат дека за сега тоа биле само гласини.
„Не би можеле сега да коментираме или најавиме отворање на продавници во иднина во Република Македонија“, го пренесува порталот одделот за односи со јавност на Х&М.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.