| четврток, 6 декември 2018 |

Принцезата „меша“ на мечка- Британците во шок

И принцезите „мешаат“

И принцезите „мешаат“

Провокативно „мешање“ што стана тренд во светот, изгледа неоддоливо и за кралското семејство во Британија. Принцезата Евгенија е фотографирана во поза како пејачката Мајли Сајрус за време на МТВ наградите, но тоа го направила со огромна препарирана мечка. Фотографијата објавена на инстаграм покажува како 23 годишната принцеза во кус фустан и црни чорапи безобразно игра пред препарираната мечка, веројатно во монденското алпско одморалиште Вербиер, каде беа со сестрата Беатриса и родителите, војводата и војводката од Јорк.

Во истиот период и принцот Хари и неговата девојка Кресида Бонас за прв пат се видени како се гушкаат и бацуваат во јавност, а Хари на Инстаграм објави неколку фотографии како со пријателите ужива по баровите во швајцарското одморалиште.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top