На Селена Гомез, поранешната девојка на Џастин Бибер и е забранет влезот во Русија бидејќи во своите песни ги поддржува правата на хомосексуалците, со што го крши законот за забрана на пропаганда во корист на геј популацијата. Како што пренесува агенцијата RIA Novosti, на младата пејачка и е одбиена работната виза така што таа нема да може да настапи во Русија каде имаше закажано неколку концерти во Минск, Москва, Санкт Петербург, а откажани се и нејзините настапи во Украина.
Пред неа Лејди Гага го имаше истото искуство, која руските власти ја обвинија за геј пропаганда во текот на концертот во Санкт Петербург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.