| четврток, 6 декември 2018 |

Атина и Будимпешта плаќале, Македонци продавале

Оби­чен не­у­па­тен гра­ѓа­нин на Ма­ке­до­ни­ја, мо­же­би, и мо­же да се по­сом­не­ва де­ка слу­ча­јот „Шпи­он“ е мно­гу ва­жен за­тоа што во све­тот во кој тех­но­ло­ги­ја­та мо­же да ло­ци­ра пла­не­ти од­да­ле­че­ни ми­ли­о­ни ки­ломeтри за ед­на ми­ну­та ни­што не мо­же да оста­не скри­е­но. Тие, пак, што се до­бро упа­те­ни во на­чи­нот на кој функ­ци­о­ни­ра све­тот на раз­уз­на­ва­ње­то и на кон­тра­ра­зуз­на­ва­ње­то твр­дат де­ка пре­ку ана­ли­за на шпи­он­ска­та дра­ма мо­же не са­мо да се ви­ди зо­што во бли­ско­то ми­на­то ни се слу­чу­ва­ле не­јас­ни и мат­ни ра­бо­ти, ту­ку и точ­но да се ло­ци­ра кој ги пре­диз­ви­ку­вал

spion-slucaj2013-1

Опе­ра­тив­ци­те на грч­ка­та тај­на служ­ба и на ун­гар­ска­та служ­ба за раз­уз­на­ва­ње, кои ама­тер­ски доз­во­ли­ле да би­дат сли­ка­ни и сни­ме­ни од стра­на на при­тво­ре­ни­те про­да­ва­чи на ин­фор­ма­ции, не пре­би­ра­ле мно­гу. Ба­ра­ле и ку­пу­ва­ле се­ка­кви ин­фор­ма­ции. Од ана­ли­зи за бор­бе­на го­тов­ност на Ар­ми­ја­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја до пре­сек на мар­шру­ти­те по кои се дви­жел пре­ми­е­рот Гру­ев­ски до Вла­да­та на РМ. Спо­ред из­во­ри бли­ски на истра­га­та во слу­ча­јот „Шпи­он“, ин­фор­ма­ци­ја за шва­лер­ка на поз­на­ти биз­нис­ме­ни или на по­ли­ти­ча­ри чи­не­ла ил­јад­ни­ци евра, а до­ка­зи за из­вр­те­ни се­ксу­ал­ни скло­но­сти на оп­сер­ви­ра­ни­те, кои нај­лес­но се ко­ри­стат при уце­ни, до­стиг­ну­ва­ле и до сто­ти­на ил­ја­ди евра. Не­о­фи­ци­јал­ни ин­фор­ма­ции твр­дат де­ка нај­мал­ку еден од при­тво­ре­ни­те бил хо­мо­се­ксу­а­лец, кој во гру­па­та вле­гол по­ра­ди па­ри­чен на­до­мест, но, нај­ве­ро­јат­но, и по­ра­ди страв и уце­на де­ка јав­но­ста и не­го­во­то се­мејс­тво мо­жат да би­дат ин­фор­ми­ра­ни за не­го­ви­от се­ксу­а­лен из­бор. До­ка­зи за проб­ле­ма­тич­ни де­ца, нар­ко­за­вис­ност, пси­хич­ки проб­ле­ми во се­мејс­тво­то на по­тен­ци­јал­ни­те це­ли, исто та­ка, ко­ти­ра­ле ви­со­ко на ли­ста­та на до­броп­ла­те­ни ин­фор­ма­ции.

Збир­ка­та на ви­де­о­ма­те­ри­ја­ли од се­ксу­ал­ни чи­но­ви, ко­ја е про­нај­де­ни кај дел од осом­ни­че­ни­те, го­во­ри за си­сте­ма­тич­но­ста и за ви­со­ка­та под­го­тве­ност на акте­ри­те во до­се­га нај­го­ле­ма­та поз­на­та шпи­он­ска ак­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја.

Из­во­ри во истра­га­та твр­дат де­ка во слу­ча­јот „Шпи­он“ ни­што не е оста­ве­но на слу­ча­јот. Не по­сто­јат ни те­о­рет­ски шан­си тој да пад­не на суд. За тоа се ви­нов­ни опе­ра­тив­ци­те на МВР, кои 24 ме­се­ци при­би­ра­ле до­ка­зи, но, пред сѐ, пр­во­об­ви­не­ти­от, кој бил тол­ку си­сте­ма­ти­чен што на не­го­ва­та про­фе­си­о­нал­ност се чу­дат и не­го­ви­те се­га ве­ќе по­ра­неш­ни ко­ле­ги. Тој не са­мо што за­пи­шу­вал со ко­го што раз­го­ва­рал. Ту­ку пра­вел и фо­то­ал­бу­ми и пре­циз­ни за­бе­ле­шки во кои не про­пу­штал да ја на­пи­ше и су­ма­та пла­те­на за ка­фе и за сок, се раз­би­ра, за да мо­же по­доц­на да ја нап­ла­ти од на­ра­ча­те­ли­те ка­ко опе­ра­ти­вен тро­шок

Од не­го­ви­те бе­ле­шки, се раз­би­ра, за­се­га са­мо не­о­фи­ци­јал­но, мо­же да се ви­ди де­ка во шпи­он­ска­та опе­ра­ци­ја не се игра­ло са­мо со го­то­ви­на ту­ку и со дру­ги при­ви­ле­гии, кои до­се­га мо­жев­ме да ги гле­да­ме са­мо во фил­мо­ви за Џемс Бонд. Ви­кен­ди во из­нај­ме­на ку­ќа на езе­ро­то Ко­мо во бли­зи­на на ви­ла­та на акте­рот Џорџ Клу­ни, ска­пи по­се­ти на ба­њи во Бу­дим­пе­шта во друш­тво на по две про­сти­ту­тки од ви­со­ка кла­са и про­дол­же­ни ви­кен­ди во пре­ска­пи­от комп­лекс на Хал­ки­ди­ки „Са­ни Бич“ се са­мо дел од ра­бо­ти­те за кои мо­жат да со­ну­ва­ат ма­ке­дон­ски­те тај­ни аген­ти. За дел од гру­па­та овие при­до­би­вки би­ле лес­но­до­стап­ни. Па­ри­те што би­ле исп­ла­ќа­ни во го­то­ви­на не би­ле до­вол­ни за нив и за­тоа ба­ра­ле ек­стра-ус­лу­ги, кои ги до­би­ва­ле за да оста­нат мо­ти­ви­ра­ни во шпи­о­ни­ра­ње­то на сопс­тве­на­та зем­ја.

spion-slucaj2013-2

При­ват­на­та ар­хи­ва по­до­бра од Др­жав­ни­от ар­хив

Истра­га­та за шпи­он­ска­та афе­ра, пра­ктич­но, трае од мо­мен­тот ко­га во ак­ци­ја по­вр­за­на со слу­ча­јот „Ли­кви­да­ци­ја“, во кој со на­ра­ча­но убис­тво бе­ше уби­ен ста­рец во Ве­ле­шко, бе­ше про­нај­де­на ар­хи­ва­та за слу­ча­јот „Шпи­он“ . Од то­гаш це­ли две го­ди­ни ма­ке­дон­ски­те по­ли­ци­ски и суд­ски стру­кту­ри, со упо­тре­ба и на спе­ци­јал­ни истраж­ни мер­ки, се оби­де­ле да со­бе­рат нес­пор­ни до­ка­зи за ап­се­ње­то на гру­па­та. Всуш­ност, те­о­рет­ски, и без по­себ­ни­те мер­ки одо­бре­ни од су­дот, истра­га­та има­ла до­вол­но до­ка­зи, пред сѐ, по­ра­ди ре­чи­си бол­на­та па­си­ја на пр­во­об­ви­не­ти­от, кој во сво­јот дом чу­вал ар­хи­ва ка­ква што не­ма­ат ни­ту др­жав­ни­те ин­сти­ту­ции. Во до­ку­мен­ти­те про­нај­де­ни кај не­го по­ли­ци­ски­те истра­жу­ва­чи ја откри­ле це­ла­та мре­жа и прин­ци­пи­те врз ос­но­ва на кои функ­ци­о­ни­ра­ла. По­крај до­вер­ли­ви­те до­ку­мен­ти што би­ле на про­даж­ба, во ар­хи­ва­та има­ло и фо­то­гра­фии и ви­де­о­ма­те­ри­ја­ли од си­те тај­ни аген­ти на стран­ски­те зем­ји што ку­пу­ва­ле ин­фор­ма­ции, но има­ло и по­себ­ни бе­ле­шки за си­те кон­та­кти и сред­би. Те­мел­но­ста на по­ра­неш­ни­от раз­уз­на­вач на по­ли­ци­ја­та спа­си­ла по­ве­ќе­ме­сеч­на ма­ко­трп­на ра­бо­та на де­се­ти­ци лу­ѓе. Во ар­хи­ва­та би­ле про­нај­де­ни и по­себ­ни пап­ки со про­фи­ли, пси­хо­а­на­ли­зи на мож­ни це­ли за уце­на. Во нив би­ле те­мел­но и пре­циз­но ана­ли­зи­ра­ни си­те ква­ли­те­ти и сла­бо­сти на лу­ѓе­то што тре­ба­ло да пла­тат су­ми од кои нај­ни­ски­те се 100.000 евра. Искус­ни­те раз­уз­на­ва­чи, ко­ри­стеј­ќи ги ве­шти­ни­те на­у­че­ни од др­жав­на­та служ­ба, се оби­ду­ва­ле да откри­јат ка­ко одре­де­ни фо­бии, брач­ни од­но­си, се­меј­ни вр­ски, ду­ри и се­ксу­ал­ни скло­но­сти мо­жат да би­дат иско­ри­сте­ни ка­ко пред­мет на уце­на. Се­то тоа би­ло за­ве­де­но во ар­хи­ва­та, ко­ја би­ла на­пра­ве­на по ви­со­ки стан­дар­ди. Да­ли во кре­и­ра­ње­то на оваа ар­хи­ва имал уло­га и еден од осом­ни­че­ни­те што ра­бо­тел во Др­жав­ни­от ар­хив од ка­де што, исто та­ка, би­ле ко­ри­сте­ни до­ку­мен­ти за уце­на на бо­га­ти гра­ѓа­ни, за­се­га не се откри­ва.

Ати­на и Бу­дим­пе­шта со раз­лич­ни мо­ти­ви

По­ра­неш­ни по­ли­ци­ски ана­ли­ти­ча­ри, кои не са­ка­ат јав­но да ги ко­мен­ти­ра­ат сѐ уште не­о­фи­ци­јал­ни­те ин­фор­ма­ции, ве­лат де­ка тре­ба да се пра­ви раз­ли­ка во при­чи­ни­те за ин­вол­ви­ра­ност на грч­ка­та тај­на служ­ба (КИП) од Ин­фор­ма­тив­на­та кан­це­ла­ри­ја (ИХ), ка­ко што се на­ре­ку­ва ун­гар­ска­та тај­на служ­ба.

Опе­ра­тив­ци­те на грч­ка­та служ­ба, кај нас актив­ни уште од ју­гос­ло­вен­ско вре­ме, пред сѐ, се ин­те­ре­си­ра­ат за по­ли­тич­ки и за без­бед­нос­ни ин­фор­ма­ции иа­ко на кра­јот на пос­лед­на­та де­це­ни­ја на 20 век ток­му овие лу­ѓе, по на­лог на по­ли­тич­ки­те цен­три во Ати­на, пра­веа ана­ли­зи да­ли вре­ди грч­ки­те ком­па­нии да ин­ве­сти­ра­ат во ма­ке­дон­ска­та еко­но­ми­ја. Нив­ни­от гла­вен ин­те­рес е пре­поз­на­ва­ње на по­тен­ци­јал­ни сла­бо­сти кај актив­ни по­ли­ти­ча­ри, пар­тии или вли­ја­тел­ни кре­а­то­ри на јав­но мис­ле­ње, кои мо­жат да би­дат иско­ри­сте­ни за свои це­ли. Дел од со­го­вор­ни­ци­те на „Ре­пуб­ли­ка“ се уве­ре­ни де­ка во не­кол­ку на­вра­ти Гр­ци­ја има­ла на­вре­ме обез­бе­де­но ин­фор­ма­ции за кри­за во вла­де­јач­ки­те ко­а­ли­ции или за мож­ност за пред­вре­ме­ни из­бо­ри, кои би­ле иско­ри­сте­ни од грч­ка стра­на. Поз­на­ти­от на­стап на пре­го­ва­ра­чот Ва­си­ла­кис, кој пред не­кол­ку го­ди­ни да­де шо­кан­тен пред­лог со осум точ­ки, кој го на­лу­ти ду­ри и по­сред­ни­кот Ни­миц, а во кој це­лос­но се не­ги­ра­ше ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет, се сме­та за мож­на пос­ле­ди­ца на ин­фор­ма­ции што ги до­би­ла Ати­на од сво­ја­та мре­жа во Ма­ке­до­ни­ја. Грч­ки­те опе­ра­тив­ци од гру­па­та најм­но­гу ба­ра­ле ана­ли­зи и ин­фор­ма­ции по­вр­за­ни за сла­бо­сти на вли­ја­тел­ни игра­чи на по­ли­тич­ка­та сце­на, да­ли се под­лож­ни на ко­руп­ци­ја, ка­ква е нив­на­та фи­нан­си­ска со­стој­ба, да­ли има­ат тај­ни фе­ти­ши, но, пред сѐ, ба­ра­ле лу­ѓе што мо­жат да кре­и­ра­ат наг­ли про­ме­ни во ста­бил­но­ста на зем­ја­та. Ин­фор­ма­ции за ра­ди­ка­ли од се­кој вид, кои има­ле лич­ни, пси­хо­ло­шки или фи­нан­си­ски проб­ле­ми, би­ле нај­по­са­ку­ва­ни за служ­би­те, кои, спо­ред дел од без­бед­нос­ни­те ана­ли­ти­ча­ри, во не­кол­ку на­вра­ти, со фи­нан­си­ски ин­јек­ции, се зло­у­по­тре­бе­ни од овие служ­би. Тие ве­лат де­ка за­се­га не­ма кон­крет­ни до­ка­зи за тоа, но во­оп­што не­ма да би­де из­не­на­ду­ва­ње до­кол­ку во на­та­мош­на­та истра­га на „Шпи­он“ се по­ка­же де­ка и дел од те­пач­ки­те низ Скоп­је, па и дел од про­те­сти­те ор­га­ни­зи­ра­ни во глав­ни­от град, се ини­ци­ра­ни со па­ри што до­а­ѓа­ле од стран­ски служ­би. По­себ­на те­ма за ана­ли­за во овој кон­текст е слу­ча­јот „Слуп­ча­не“, кој ста­на при­чи­на за се­ри­оз­на кри­за лан­ско­то ле­то. Иа­ко во не­кол­ку на­вра­ти прет­ход­но  ми­ни­стри на ДУИ се пок­ло­ну­ваа на гро­бот на за­ги­на­ти­те чле­но­ви на УЧК, тоа ста­на слу­чај отка­ко не­кол­ку ме­ди­у­ми об­ја­ви­ја де­ка се слу­чи­ло тоа. Кој го пот­тур­нал об­ја­ву­ва­ње­то и глас­но­ста на на­ста­нот, кој е сли­чен на мно­гу дру­ги, е пра­ша­ње што до­пр­ва ќе тре­ба да се од­го­во­ри.

Раз­ли­ка­та ме­ѓу грч­ка­та и ун­гар­ска­та служ­ба е во тоа што вто­ра­та не­ма ни­ка­кви по­себ­ни емо­тив­ни ин­те­ре­си во Ма­ке­до­ни­ја. По ку­пу­ва­ње­то на Те­ле­ком во 2001 го­ди­на пре­ста­на­ла и „еко­ном­ска­та шпи­о­на­жа“  на Бу­дим­пе­шта, по што ун­гар­ска­та мре­жа во Ма­ке­до­ни­ја поч­на­ла да ра­бо­ти на пре­теж­но ко­мер­ци­јал­на ос­но­ва, од­нос­но да при­би­ра ин­фор­ма­ции, кои по­доц­на би ги про­да­ва­ла или раз­ме­ни­ла со дру­ги служ­би. Та­кви ин­фор­ма­ции Ун­гар­ци­те ко­ри­сте­ле во Ср­би­ја или во Ро­ма­ни­ја ка­де што жи­вее зна­чи­тел­но ун­гар­ско мал­цинс­тво, а ка­де што, по­ра­ди бли­ски­те и со­сед­ски од­но­си, ун­гар­ски­те аген­ти има­ат мно­гу по­те­шка за­да­ча. За ова зем­ја е отво­ре­на уште ед­на оп­ци­ја, да при­би­ра­ле ин­фор­ма­ции за дру­га по­го­ле­ма европ­ска си­ла, ко­ја не са­ка отво­ре­но да ра­бо­ти во Ма­ке­до­ни­ја. Исто ка­ко што во европ­ски­те зем­ји се знае де­ка хо­ланд­ски­те опе­ра­тив­ци мно­гу че­сто ра­бо­тат во бли­ски ре­ла­ции со бри­тан­ски­те служ­би, не­кои твр­дат де­ка та­ков е слу­ча­јот и со Ма­ке­до­ни­ја. Ун­гар­ци­те има­ат мно­гу бли­ски од­но­си со Гер­ман­ци­те во тој кон­текст. Се раз­би­ра, овие ре­ла­ции ни­ко­гаш не­ма да би­дат јав­но по­твр­де­ни.

Др­жа­ва во др­жа­ва

Гру­па­та од слу­ча­јот „Шпи­он“, ве­ро­јат­но, во ид­ни­на ќе се изу­чу­ва и на Фа­кул­те­тот за без­бед­ност. Ка­ко при­мер ка­ко тре­ба да ра­бо­тат ма­ке­дон­ски­те без­бед­нос­ни стру­кту­ри во странс­тво, ако во­оп­што има та­кви. Име­но, гру­па­та функ­ци­о­ни­ра­ла ка­ко врв­ни­те свет­ски аген­ции, а при­тоа би­ла опре­ме­на со мо­дер­на опре­ма. До­кол­ку се по­твр­ди де­ка ме­ѓу дру­ги­те тех­но­ло­шки на­пра­ви што се до­стап­ни са­мо на ов­ла­сте­ни­те стру­кту­ри, гру­па­та има­ла и та­ка­на­ре­чен де­те­ктор на прис­луш­ни уре­ди, од­нос­но ске­нер пре­ку кој мо­же­ле да се сле­дат офи­ци­јал­ни ко­му­ни­ка­ции, а при­тоа би­ле ко­ри­сте­ни и са­те­лит­ски те­ле­фо­ни, то­гаш е јас­но де­ка Ма­ке­до­ни­ја во пос­лед­ни­ве не­кол­ку го­ди­ни се со­о­чу­ва­ла со огром­на опас­ност од де­ста­би­ли­за­ци­ја, осо­бе­но ако се зе­ме пред­вид де­ка кај осом­ни­че­ни­те се про­нај­де­ни по­ве­ќе од че­ти­ри ки­ло­гра­ми пла­сти­чен експ­ло­зив. Ако на тоа се до­да­де де­ка чле­но­ви­те на гру­па­та сле­де­ле, фо­то­гра­фи­ра­ле и вр­ше­ле ви­де­о­над­зор и сле­де­ње, ста­ну­ва јас­но де­ка со ап­се­ње­то на гру­па­та, до­кол­ку си­те овие на­во­ди се по­твр­дат на суд, во што ни­кој не се сом­не­ва, Ма­ке­до­ни­ја ели­ми­ни­ра­ла се­ри­оз­на гру­па, ко­ја мо­же­ла да пре­диз­ви­ка дол­го­роч­на ште­та и не­ста­бил­ност.

spion-slucaj2013-3

До ка­де се про­те­га  „Шпи­он“

МВР до­се­га не откри кол­ку ма­ке­дон­ски или стран­ски гра­ѓа­ни би­ле „чеш­ла­ни“ во пос­лед­ни­ве 24 ме­се­ци, кол­ку што тра­е­ле актив­но­сти­те на без­бед­нос­ни­те стру­кту­ри. Спо­ред искус­тво­то од прет­ход­ни слич­ни слу­чаи, кои ни мал­ку не се бли­ски по обем на „Шпи­он“, из­во­ри­те на „Ре­пуб­ли­ка“ твр­дат де­ка нај­мал­ку сто­ти­на ли­ца го по­ми­на­ле фил­те­рот на служ­би­те. До­се­га има 20 кри­вич­ни при­ја­ви, но ни­кој со си­гур­ност не мо­же да ка­же уште кол­ку ими­ња ќе из­ле­зат на ви­де­ли­на по истра­га­та и ана­ли­за­та на ин­фор­ма­ци­и­те при­бра­ни по пре­тре­си­те и од­зе­ме­ни­те ма­те­ри­ја­ли кај осом­ни­че­ни­те. Има ли ви­сти­на де­ка ме­ѓу лу­ѓе­то што се по­ја­ву­ва­ат во спи­си­те е и еден опо­зи­ци­ски по­ли­ти­чар, при­пад­ни­ци на без­бед­нос­ни си­ли, биз­нис­ме­ни и но­ви­на­ри, ќе се знае нај­доц­на до октом­ври, ко­га се оче­ку­ва да дој­дат пр­вич­ни­те ре­зул­та­ти од ана­ли­за­та на обем­ни­от ма­те­ри­јал. Тоа што се знае со си­гур­ност, твр­дат из­во­ри­те на „Ре­пуб­ли­ка“, е де­ка ште­та­та врз без­бед­нос­ни­от си­стем не­ма да би­де го­ле­ма. По­ста­ве­но­ста на ин­сти­ту­ци­и­те и по­ста­ве­ни­те про­то­ко­ли не доз­во­лу­ва да би­де откри­ен иден­ти­те­тот на ма­ке­дон­ски­те опе­ра­тив­ци, кои, на при­мер, се актив­ни во ре­ги­о­нот.

Ше­фот на гру­па­та бил два­па­ти бр­кан од ра­бо­та

Пр­во­о­сом­ни­че­ни­от по­ра­не­шен др­жа­вен служ­бе­ник од Аген­ци­ја­та за раз­уз­на­ва­ње бил из­бр­кан од ра­бо­та отка­ко не­го­ви­те ше­фо­ви кон кра­јот на ми­на­та­та де­це­ни­ја откри­ле де­ка ја на­пу­штил Ма­ке­до­ни­ја без да при­ја­ви де­ка па­ту­ва во странс­тво, што е за­дол­жи­тел­но спо­ред за­ко­нот за Аген­ци­ја­та за раз­уз­на­ва­ње. Тој по­тоа ја ту­жел аген­ци­ја­та, по што су­дот до­нел од­лу­ка де­ка па­ту­ва­ње­то во Гр­ци­ја (или ко­ја би­ло дру­га зем­ја) без доз­во­ла од прет­по­ста­ве­ни­те не е до­вол­на при­чи­на за отказ, по што бил вра­тен на ра­бо­та, по што под­нел и оштет­но по­ба­ру­ва­ње. Отка­ко од иста­та при­чи­на по­втор­но до­бил отказ, су­дот ла­ни пре­су­дил де­ка Аген­ци­ја­та не­ма об­вр­ска да го вра­ти на ра­бо­та.

Пишува: Екипа Република
(Текст објавен во 55. број на неделникот Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top