| четврток, 6 декември 2018 |

Претепано момче во автобус

Дваесет и две годишно момче било брутално претепано, а потоа и нападнато со нож во автобус број 11 на булеварот Партизански одреди, вчера.

Во автобусот го нападнале Б.А.(20) и З.Т.(19) двајцата од с. Кондово – скопско. Прво со употреба на  нож му ја  оштетиле јакната и  со метална шипка го  удриле  по глава, а потоа му го одзеле  мобилниот телефон и побегнале.

По преземени мерки сторителите ( со кои оштетениот се познавал од порано), се пронајдени и по целосно расчистување на случајот, од страна на СВР Скопје против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

iskinata jakna

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top