| четврток, 6 декември 2018 |

Папата Франциско го обвини светскиот економски систем дека ги става парите над човекот

Папата Франциско го обвини светскиот економски систем дека ги идеализира парите и ги става над човекот. Во своето обраќање во Каљари, главниот град на Сардинија и еден од најсиромашните региони во Италија, тој на невработените им раскажуваше дека и самиот пораснал слушајќи за катастрофите со кои се соочувало неговото семејство во Аргентина во текот на 30-тите години на минатиот век, кога како што рече, тој загубил се.

Сардинија, позната по своите древни плажи и раскошни вили за одмор, тешко е погодена од финансиската криза во Италија која доведе до затворање на фабрики, поради што на тој остров расте бројот на семејства кои бараат хуманитарна помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top