| четврток, 6 декември 2018 |

„Театар 007“ на Меѓународен фестивал во Минск

Независната продукција „ТЕАТАР 007“ од 22 до 30 септември, ќе учествува на десетото издание Меѓународниот театарски фестивал „Театрален куфер“, што се одржува во Минск, Белорусија.

„Театар 007“, на овој фестивал е селектиран со претставата „Игра“, работена според кратките раскази од Данил Хармс, во режија на Игор Ивковиќ.

-„Игра“ е претстава – револт за сите политизирања на театарот. Таа е алтернативна приказна на сите познати стереотипи на професионалниот театар. Ова е претстава во која се иронизира, исмејува и пародизира се што значи „локално“, „мое“, наспроти „глобално“ и „наше заедничко живеење исполеното со игра.“, вели Миодраг Костиќ, продуцент на „Театар 007“.

Во претставата играат: Дарко Вељиќ, Фаик Мефаилоски, Катерина Петровска, Влатко Толески, Јана Пауновска, Анастасија Ашкилова, Дарко Богески и Весна Пановска.

По враќањето од фестивалот, независната продукција „Театар 007“ го најавува стартот на новата сезона, со збогатен репертоар на неколку нови претстави, работени од истакнати театарски работници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top