Како дел од градежните работи за изградба на инфраструктурата во 9-те локални економски зони во општината Илинден, денеска почнува асфалтирање на новопроектираната индустриска улица во локалната економска зона Марино-Кадино.
Улицата е со должина од околу 500 и широчина од 10 метри, а како што најавуваат од општината, има големо значење за локалниот економски развој бидејќи ги поврзува стопанските објекти во оваа економска зона со локалниот пат Марино-Кадино.
Инфраструктурата е предуслов за функционирање и на другите стопански капацитети што се градат или допрва се планира да бидат изградени во економската зона близи Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.