| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен убиецот од Златна зора

atina_neonacist_pritvorНеонацистот кој го уби левичарот и познат грчки музичар Фисас официјално е обвинет за убиство и задржан во притвор.

Обвинетиот Рупакијас за време на сослушувањето во судот признал дека го убил Фисас, но кажал дека тоа го направил во самоодбрана. Полицијата вели дека Фисас во моментите кога умирал и самиот кажал дека Рупакијас со нож ми ги нанел тешките повреди. Рупакијас уште претходно признал дека ѝ припаѓа на грчката неонацистичка партија Златна зора. Партијата подоцна демантирала каква било поврзаност со обвинетиот, но набрзо биле објавени фотографии на кои може да се види Рупакијас како учествува во акции на таа партија.

Додека траело сослушувањето, околу 2.000 луѓе се собрале во атинскиот кварт Никеа во знак на протест поради убиството на Фисас. „Сакаме да ги избркаме фашистите од нашите квартови. Тие веќе со години сеат страв и ги тепаат луѓето, а очигледно не се воздржуваат ни од убиства“, изјавил за Франс прес локалниот функционер Танасис Дијаволакис.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top