Во Владата се одржа првата седница на Комитетот за здравје и животна средина, раководен од премиерот Груевски, а во составот се и повеќе министри, претставници од областа на здравјето, животната средина, и од други области. Целта е континуирано унапредување на квалитетот на водата, воздухот и почвата и останатите јавно здравствени аспекти. Договорено е да се изготви повеќегодишна Стратегија за здравје и животна средина, со опис на постоечките состојби и акционен план и конкретни оперативни заклучоци и мерки кои треба да се спроведат во иднина. Беше заклучено да се пристапи и кон процес на обезбедување на дополнителна акредитација и сертификација на лаборатории кои вршат испитувања во областа и да се изврши обезбедување на дополнителен број на мерни станици и инструменти за контрола на квалитетот на воздухот. Ресорното Министерството за земјоделство, пак, ќе мора да предложи мерки за унапредување на системот за употреба и промет на пестициди и вештачки ѓубрива од земјоделците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


