| четврток, 6 декември 2018 |

Се подготвува стратегија за здравје и животна средина

vremenska prognozaВо Владата се одржа првата седница на Комитетот за здравје и животна средина, раководен од премиерот Груевски, а во составот се и повеќе министри, претставници од областа на здравјето, животната средина, и од други области. Целта е континуирано унапредување на квалитетот на водата, воздухот и почвата и останатите јавно здравствени аспекти. Договорено е да се изготви повеќегодишна Стратегија за здравје и животна средина, со опис на постоечките состојби и акционен план и конкретни оперативни заклучоци и мерки кои треба да се спроведат во иднина. Беше заклучено да се пристапи и кон процес на обезбедување на дополнителна акредитација и сертификација на лаборатории кои вршат испитувања во областа и да се изврши обезбедување на дополнителен број на мерни станици и инструменти за контрола на квалитетот на воздухот. Ресорното Министерството за земјоделство, пак, ќе мора да предложи мерки за унапредување на системот за употреба и промет на пестициди и вештачки ѓубрива од земјоделците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top