Единицата за економски и компјутерски криминал – Одделение за перење пари и финансиски криминал до јавното обвинителство поднесе кривична пријава против Ј.Д. (46) за сторено кривично дело – „затајување“ . Според документите Ј.Д. поштар , во јули „присвоил парични средства кои му биле доверени, а кои требало да ги достави до крајните корисници со што ја оштетил АД Македонска Пошта за сума од 400.000 денари“.
Парите биле пензии и социјална помош за корисниците од селата Крушопек и Лака, но воопшто не извршил нивна исплата, ниту пак за паричните средства се раздолжил во главната благајна. Напротив, лично се јавил и напишал изјава дека паричните средства му биле украдени од возилото и затоа не ги доставил до крајните корисници.
Од страна на СВР Скопје – ЕЕКК со пријавениот бил извршен разговор во кој појаснил дека ташничката во која ги носел парите му испаднала од појасот и не успеал да ја најде, за што на 18 јули пријавил во АД македонска Пошта и по сопствена иницијатива дал отказ од работното место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи


