Град Скопје ја почна постапката за изградба на подземната сообраќајница под кејот на реката Вардар и подготовките се пред крај. Град Скопје планира да изгради подземна сообраќајница од булеварот „Илинден“, под кејот на Вардар, до крстосницата кај Комплекс банки, со придружната инфраструктура. Подземната сообраќајница треба да биде долга 1.300 метри, од коишто 900 метри се под земја, а 400 метри над земја – изјави градоначалникот Коце Трајановски.
Во врска со подземната сообраќајница зад Старата железничка станица, Трајановски појасну дека Град Скопје склучил договор со компанијата „Лимак“ од Република Турција со којшто се уредуваат односите за изградба на овој подземен булевар, во согласност со Деталниот урбанистички план за овој дел од градот.
– Компанијата „Лимак“, според договорот, откако ќе ја изгради подземната сообраќајница има обврска да ја предаде во владение на Град Скопје. Чекаме од компанијата „Лимак“ која го откупи земјиштето од Министерството за транспорт и врски да го подготви проектот за изведба на овој сложен зафат, вели Трајановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



