| четврток, 6 декември 2018 |

Ставрески: Ме исполнуваат промените и имиџот што го гради Македонија

Macedonian-Deputy-PM-and-Finance-Minister-Zoran-Stavreski-Source-Government-of-the-Republic-of-Macedonia_550x300

Предизвиците се уште поголеми кога се кризни времиња, а треба да се обезбедат доволно средства за навремена исплата на плати, пензии, социјална помош, субвенции за земјоделците, амбициозната програма на Владата за капитални проекти, и притоа да се задржи низок буџетски дефицит и умерен државен долг. Затоа нормални се и пофалбите, и критиките. Човек на оваа функција мора да се навикне на критиките и да ги прима конструктивно и позитивно, се додека истите се аргументирани, вели вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во интервју за најновиот број на неделникот Република кој е во продажба од денеска (20 септември).

Тој потенцира дека има огромна мотивација за работата која ја работи.

–       Задоволството од позитивните промени кои се случуваат во Македонија и имиџот кој земјата го гради е големо и целосно ме исполнува, вели Ставрески.

Вицепремиерот најави дека Македонија ќе ги достигне проектираните стапки на раст на БДП од 2%, со реална можност истите да бидат надминати и открива дека подготовката на Буџетот за 2014 година е во завршна фаза. Проекциите за буџетските приходи се засноваат врз проектираната стапка на раст на економијата од 3,2%. Тој тврди дека државната каса е во добра кондиција. За бизнисот добри вести има од Европската инвестициска банка. Оттаму до ноември ќе стигнат нови 100 милиони евра свежи пари. Ставрески вели дека во тек се преговори со најмалку шест компании со кои очекува потпишување на договори за инвестирање во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top