| четврток, 6 декември 2018 |

„Сантијаго Бернабеу“ ќе се реновира

Претседателот на клубот, Флорентино Перез изјави дека Реал Мадрид ќе вложи од 300 до 400 милиони евра за реконструкција на „Сантијаго Бернабеу“

bernabeu-500

Пренамената ќе чини меѓу 300 и 400 милиони евра. Името на компанијата, која ќе победи на конкурсот за реконструкција на стадионот, ќе го објавиме во наредните неколку недели – изјави Перез, кој во октомври минатата година претстави четири посебни планови за пренамена на стадионот.

Наводно, 66-годишниот претседател на клубот сака да направи големи промени на надворешниот дел на стадионот, а ќе се реконструира и покривот со цел сите столчиња да бидат покриени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top