„Тајфата претставува група луѓе или дружина најчесто мајстори, ѕидари и сл. но можат да бидат и разбојници или други слични банди“ – Речник на македонскиот јазик – III том

Е ова е музичка тајфа, дружина на музички мајстори, банда која заспива и се буди со музика – велат членовите на „Тајфата“.
Втората половина од легендарното штипско дуо Дуле и Коки, направи нова група. Едноставно наречена „Тајфата“, групата покрај Никола Јанков – Коки (виолина), ја сочинуваат и Оливер Младеноски – Оли (вокал и саксафон), Александар Тренчевски – Аце (хармоника и клавијатури), Владимир Богески – Влатче (клавијатури).

Според нив, „Тајфата“ создава нов музички правец – македонска модерна чалгија. Тие веќе ја снимија и својата прва песна, а снимија и видеоспот во соработка со „Томато“.
И додека Коки со новата тајфа и модерна чалгија ќе ја доближува македонската музика до младите генерации, Дуле ужива во брачниот живот и во новата улога на татко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


