На едноставен начин финскиот возач Кими Раиконен објасни зошто се одлучи да се врати во Ферари. Причина се парите, односно тимот Лотус за кого сега вози, нема пари за негова плата.
-Причината поради која одлучив да го напуштам Лотус, се парите. Од тимот ми рекоа дека немаат пари за мојата плата. Жал ми е поради тоа. Наредната сезона одам во Ферари и тоа ме прави задоволен – рече Кими.
Кими од следната сезона повторно ќе биде член на Ферари со кого го оствари и најголемиот успех, светски шампион во 2007. година.
Раиконен беше поврзуван и со Ред Бул, се очекуваше да го продолжи договорот со Лотус, но на крајот сепак се врати во Ферари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


