| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателката на Малави го продава авионот за да ги нахрани гладните

Joyce Banda

Претседателката на африканската држава Малави, Џојси Банда, одлучила да го продаде претседателскиот авион за да ги нахрани гладните и да вложи во одгледување житарици, со што би покренала битка против изгладнетоста во оваа земја.

Банда одлуката за продажба на авионот кој го купил нејзиниот претходник за 22 милиони долари уште минатата година, поради трошоците за неговото одржување.

–      Владата едногласно се согласи парите од продажбата на млазниот авион да ги вложи во засадување пченка и производство на зеленчук, соопштил портпаролот на министерството за финансии.

Според податоците на владата на Малави, во земјата дури 10 проценти од 13 милионското население се без храна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top