| четврток, 6 декември 2018 |

Две деца повредени во тешка сообраќајка кај Битола

Попладнево на влезот во Битола од страната на Ресен, во непосредна близина на бензиската пумпа на „Лук Оил“ се случи тешка сообраќајна насреќа во која има неколку полесно и потешко повредени лица на различна возраст. Две од повредените лица се деца. Повредените се пренесени во битолската Клиничка болница каде им се укажува помош.

Во сообраќајната незгода учествувале  „опел вектра“ со струмички регистерски таблици и  „хјунадаи“ со битолски регистерски таблици.

Увид на местото на несреќата извршија стручни лица на СВР-Битола и истражен судија кои ги утврдуваат причините за сообраќајната несреќа што попладнево се случи на влезно-излезниот дел во Битола од патниот правец Прилеп-Ресен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top