| четврток, 6 декември 2018 |

Бундестагот на идеја Грција да се откаже од претседавањето со ЕУ

eu grcija1111Пратеници во Бундестагот побараа Грција да се откаже од ротирачко претседателство со ЕУ од 1 јануари зарди задолженоста. Титулата дополнително ќе ги оптовари со финансиите на државата за задачата а трошоците изнесуваат околу 100 милиони евра.

Од партијата на канцеларка Ангела Меркел за „Билд“ велат дека Грција треба да побара од Европската комисија да ја ослободи, затоа што во спротивно на земјата би и требал уште еден заем заради трошоците. Од либералната Слободна демократска партија, додаваат дека сметаат дека Грција треба „доброволно се повлече од претседателската функција“.

Грчкото МНР веднаш одговори дека „институционалната работата на Европската унија е регулирана со принципите на правото и правилата содржани во договорите што се во сила, и оти тие се базирани на институционалната рамноправност на земјите-членки и почитување на националниот суверенитет и достоинство на секоја од тие земји-членки. Во овој контекст, Грција е целосно подготвена да ги исполни своите обврски како претседавач. Секоја понатамошна дискусија е излишна“ соопштуваат од таму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top