Еден од најдобрите гитаристи на сите времиња, нашиот Влатко Стефановски утре ќе има концерт во Лондон. Влатко Стефановски е на турнеја која има симболичен наслов „Балканска треска“. Тој е со своето трио, со своите стари соработници Мирослав тадиќ и Теодосиј Спасов, и в четврток треба да настапат на концерт во „Барбикан“ центарот со Лондонскиот сумфнски оркестар.
Стефановски со своето трио имаше успешни коценрти во Љубљана и Марибор со гудачкиот оркестар на Словенечката филхармонија. Потоа настапи во Монако, со филхармонијата на Монте Карло на почетокот на јануари. Со оркестрите диригираше Кристјан Јарви, еден од најбараните европски диригенти во моментов. На 11 и 12 јануари Стефановски настапи во Лајпциг и Вајмар со Симфонискиот Оркестар на МДР Лајпциг .
Планиран е и концерт во Скопје пред крајот на годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.