| четврток, 6 декември 2018 |

Членство во НАТО веднаш по решение за името

грабар китановиќ-Поканата за членство во НАТО ќе биде упатена веднаш штом се дојде до заедничко прифатливо решение за името. Тоа е политички и билатерален процес и ги поттикнуваме и двете страни да продолжат со конструктивен дијалог и соработка за разрешување на прашањето, порача помошник генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија Колинда Грабар Китаровиќ, по средбат со миниситерот за одбрана Талат Џафери во Скопје.
НАТО, потсетува, е сојуз од 28 суверени држави членки, кои функционираат врз основа на начелото на консензус. Тоа значи дека сите држави мора да се согласат односно ниту една не може да биде против која било одлука.
Грабар Китаровиќ се заблагодари за учеството на припадниците на АРМ во мировните мисии, особено во мисијата ИСАФ во Авганистан, каде што, потенцира, е импресионирана од професионалноста и храброста на македонските мировници кои меѓу другото храбро се спротивставиле на неколку напади на командата во Кабул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top