Инцидентот се случил вчера околу 17:30 часот. Иако разбојникот се заканувал со нож повредени нема, соопштуваат од МВР. Избегал со 12 илјади денари.
рабеж во еден од маркетите Тедико во Скопје. Маскиран и со нож в раце разбојникот вчера околу 17:30 часот влегол во маркетот на улица „Разловечко востание“ во скопската населба Карпош. Одземал 12 илјади денари и избегал, информира полицијата. Двете вработени кои биле на смена во продавницата не се повредени.
МВР презема мерки за пронаоѓање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.