| четврток, 6 декември 2018 |

УЈП го сардиса Велес – затворени над 20 дуќани

veles

Инспектори на УЈП од Скопје и Битола извршија контрола во над сто објекти во Велес и затворија над 21 кафеани, бутици, цвеќарници и колонијални продавници, јавува „Дума“.

Било откриено дека сопствениците не издавале фискални сметки, не го внесувале дневниот промет во фискалната каса, а и книговодствените документи не ги воделе исправно.

Нивните објекти ќе бидат затворени петнаесет дена. Сопствениците се соочија и со парични казни, за физички лица во висина до 750 а за правни лица до 3.250 евра.

Досега ова е една од најголемите акции на Управата за јавни приходи во Велес од каде најавија дека ќе продолжат со редовно контролирање и во наредниот период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top