
Американската богаташка Париз Хилтон влегува во бугарското шоу “Големиот брат“. Таа веќе пристигнала во Бугарија, а ова е нејзина прва посета на нашиот источен сосед.
Триесет и две годишната наследничка Хилтон вели дека е возбудена што е во Бугарија.
-Ќе останам во Софија неколку дена. Првпат сум во Бугарија и сум многу возбудена што сум овде – вели таа.
Парис пристигнала во Софија заедно со нејзиното момче, шпанскиот маникен Ривер Виперијем. Меѓу другото таа го најави и својот прв сингл од новиот албум кој ќе излезе на први октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


