| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжуваат контактите меѓу ДУИ и Грција

Нецел месец по посетата на Ахмети на Атина во Мала Речица денеска се сретнале лидерот на ДУИ и грчкиот амбасадор во земјава Лалакос.

Тие  разговарале за  последната посета на посредникот на ООН за прашањето со името при што, според соопштението од ДУИ, двете страни „се согласиле дека земјата  треба да се интегрира во НАТО и Европската унија, но за да се реализира таа стратешка цел, треба да се изнајде компромис со јужниот сосед за прашањето со името“, пренесува Канал 5.

– Претседателот Ахмети нагласи дека ДУИ придава голема важност на добрите меѓусоседски односи, интеграцискиот процес на Македонија во ЕУ и  НАТО, здравите меѓуетнички односи, Охридскиот договор и економскиот  развој. Во овој поглед, ДУИ се обидува да биде конструктивен субјект кон  решавање на отворените прашања со соседите и прави позитивна политика во  сооднос со стратешките приоритети на земјата за што е можно поскора  евроатлантска интеграција. Соговорниците се согласија да ја продолжат директната комуникација во
правец на развивање на односите помеѓу двете страни, но и стабилноста на регионот на Северозападен Балкан, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top