| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев сепак резерва против Борусија, Георгиевски стартер за Стеауа

Горан Пандев сепак ќе биде резерва на вечерашниот премиерен натпревар за Наполи во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд. На „Сан Паоло“ во Неапол, македонскиот интернационалец ќе чека шанса од клупата, откако рафаел Бенитез одлучи да му даде предност на Лоренцо Инсиње.

Од почетокот како стартер натпреварот за Стеауа против Шалке 04 ќе го почне Даниел Георгиевски. Десниот бек на македонската репрезентација ќе се обиде да помогне тимот од Букурешт непоразен да ја напушти „Велтинс“ арена во Гелзенкирхен.

Дуелите од вечерашната програма во ЛШ почнуваат од 20,45 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top