| четврток, 6 декември 2018 |

Меси ќе побара поголема плата од Роналдо

mesi

Според Шпанскиот интернет портал „Спорт“ Аргентинскиот фурбалски ас Лионел Меси официјално ќе достави барање до управата на клубот за зголемување на годишната плата на 18 милиони евра.

По потпишувањето на новиот договор на Роналдо со Реал Мадрид од 17 милиони евра, португалецот стана најплатениот фудбалер во светот.

Во моментов Лео Меси заработува 12.5 милиони евра по сезона. Финанските советници на Меси му сугерирале дека тој треба да биде најплатен фудбалер на денешницата земајќи ги во предвид сите резултати и титули што ги осовил аргетинецот со каталонскиот клуб.

Претседателот на Барселона Сандро Росел изјави за „Спорт“ дека Меси е најдобриот фудбалер во светот и игра во најдобриот клуб во светот, но барање за зголемување на платата сеуште не поднел.

Интересно е што Меси веќе доби зголемување на платата во Јануари оваа година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top