Лејди Гага изгубила дури 156 милиони гледања на службената YouTube сметка откако челниците минатиот месец објавија дека ќе се справат со хакерските билдања на прегледи на видеата. Милионските прегледи на поедини видео-записи на популарните музичари не се резултат на популарност, туку резултат на вештината на хакерите кои работат за музичката индустрија. Покрај Гага, кликови изгубија и Бјонсе, Крис Браун и Мајкл Џексон.
Многумина од самиот почеток се сомневаа во веродостојноста на многуте кликови и рекордните бројки, па управата на YouTubea одлучи да спроведе истрага на нивната популарност, по што е заклучено дека се е дело на хакерите.
– Не се работи за сигурносни пропусти туку се работи за нашата политика на пребројување на прегледите. Хакерите се платени од страна на издавачките куќи со цел на умешен начин да го зголемат бројот на прегледи на одредени спотови – вели портпаролот на YouTube.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании
-
Хакери украле 15 милиони долари од повеќе банки во Мексико
-
Од овие српски хакери се тресеше Европа: Две момчиња од Прокупље и Рума ги воделе нападите на сајтови во цел свет
-
Прва победа на ТЛЗП: Тијана маестрална во улогата на Лејди Гага (ВИДЕО)