| четврток, 6 декември 2018 |

Автогол на Дени Илиев, победа за Арсенал во младинската Лига на шампиони

Македонскиот голман Дени Илиев го почуствува вкусот на Лигата на шампионите, но во младинска конкуренција, што е новитет на УЕФА од оваа сезона, а на првиот дуел му е запишан автогол во победата на Арсенал против Олимпик Марсеј. Илиев веќе една година е „топчија“ и е дел од младинската Академија на Арсенал и успешно го брани голот на англискиот тим до 19 години. Во Марсеј тој и соиграчите победија со 4-1, а интересно е што на Илиев му е запишан автогол во 76. минута. Во тој момент домаќините намалија на 1-3, а Арсенал до крајот постигна уште еден гол за убедлива победа од 4-1.

Во останатите денешни натпревари од ЛШ за фудбалери до 19 години, Австрија го победи Порто со 3-0, Атлетико Мадрид беше подобар од Зенит и славеше со 4-2, Олимпјакос и ПСЖ ремизираа без голови, Челси го победи Базел со 4-0, Милан го надигра Селтик со 3-1, а во дербито Наполи со 1-0 беше подобар од Борусија Дортмунд. Последниот дуел меѓу Шалке 04 и Стеауа заврши со резултат од 3-0 за германскиот тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top