| четврток, 6 декември 2018 |

Котелот за парно го пеплосал Копанки

копанкиПланинарскиот дом Копанки на Пелистер најверојатно се запалил заради неисправен котел за парното греење, велат од СВР Битола.

Првичните информации покажуваат дека котелот за парното во Домот го усвитил оџакот, а тој ги зафатил гредите. Истрагата е се уште во тек и се утврдуваат точните причини за пожарот.

Планинарскиот дом кој нудеше 16 соби за сместување е изгорен до темел, а материјалната штета дополнителни ќе се утврдува.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top