| четврток, 6 декември 2018 |

Шешељ си го продолжи престојот во затвор

seseljХашкиот трибунал вчера на неодредено време го одложи изрекувањето на пресудата на Воислав Шешељ која на лидерот на Српската радикална партија би требало да се изрече на 30-ти октомври. Ваква одлука донесе судијата Жан Клод Антонети, откако од расправниот совет, поради можна пристрасност, на крајот на август, на барање на Шешељ, исклучен е судијата Фредерик Хархоф.

Бидејќи обвинителството и останатите судии кои се противеле на таквата одлука побарале истата да биде преиспитана, а во исто време да се одложи именувањето на нов судија, па судијата Антонети оценил дека изрекувањето на пресудата во претходно закажаниот рок не е можно додека тоа прашање не се реши.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top